Европски центар за ревизија

JA slide show

Европски центар за ревизија

Е-пошта Печати PDF
“Европски Центар за ревизија” ДОО Скопје, е основано врз основа на одредбите на Законот за трговски друштва, а согласно одредбите од Законот за ревизија од страна на овластени ревизори, кои неколку години наназад работеа како овластени ревизори со цертификати. Покрај овластените ревизори во Друштвото работат и стручни соработници, кои исто така подолг период работеле на вршење ревизија, заедно со овластените ревизори. Покрај вршењето ревизија на финансиските извештаи, овластените ревизори заедно со стручните соработници подолг период работат заедно и на поставување на внатрешна организација и систематизација во друштвата, организирање интерна контрола во друштвата, изготвување санациони програми и програми за реорганизација на друштвата во пред стечајна постапка, бизнис и стечајни планови, инвестициони програми и елаборати, како и други стручни и консултантски услуги за потребите на акционерите и менаџерите.

Од донесувањето на Законот за ревизија во 1997 година и утврдувањето на обврската дека Акционерските друштва и Друштвата со ограничена одговорност кои согласно член 478 од Законот за трговските друштва ги исполнуваат условите за вршење на ревизија на нивните финансиски извештаи по годишните сметки, овластените ревизори и стручните соработници во нашето друштво, самостојно или во соработка со надворешни ревизорски куќи успешно извршивме ревизија на годишните финансиски извештаи кај повеќе Акционерски друштва и ДОО.

Со Вашата одлука да го изберете за Ваш ревизор, “Европски Центар за ревизија ДОО Скопје” ќе обезбедите стручна и квалитетна ревизија на Вашите финансиски извештаи по годишната сметка.

Реномето и искуството на нашите ревизори во досегашното работење се гаранција за успешно, навремено и квалитетно извршена ревизија.
Извршената ревизија од наша страна можете да ја користите за сите потреби, како во земјата, така и надвор, особено ревизорскиот извештај со неговите забелешки.